АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПОРТАТА НА БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА: Драма во центарот на Лондон, се слушнал силен удар
Возач е уапсен откако со својот автомобил удрил во портите на Бакингемската палата.
Вооружена полиција го опколила клекнатиот возач и извикувала: „Стави ги рацете на глава!“, опишал Сан.
Возилото удрило во главната влезна капија на кралската резиденција во Вестминстер, централен Лондон.
Сведок на инцидентот, кој сакал да остане анонимен, рекол дека ја гледал сцената околу 2.30 часот во саботата, откако слушнал „силен тресок“.
“Слушнав силен тресок, погледнав и автомобилот удри во Бакингемската палата. Полицијата беше на местото на настанот многу брзо – го извлекоа човекот и го уапсија”, рекол тој.
Полицијата соопшти дека во инцидентот нема повредени. Вооружени полицајци на лице место го уапсиле мажот поради сомнение дека сторил кривично дело и тој е пренесен во болница“, соопштиле од полицијата.