Авторот Петар Андоновски до македонските режисери за изведба на сцена да земаат текстови на македонски автори
– Со претставата „ Лето во кое те нема“ на малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа гостуваше ансамблот на Кумановскиот театар.
Автор на претставата е Петар Андоновски, а во претставата играа Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски.
Пред почетокот на претставата, публиката имаше можност да го проследи разговорот меѓу Сашо Димоски, директорот на велешкиот театар и самиот текстописец со авторот на текстот за претставата Петар Андоновски. Авторот во разговорот истакна и веодно им порача на режисерите дека е добро дела од македонските текстописци да бидат изведувани на театарските сцени во земјава.
Тој информира дека во земјава има одлични текстописци чии дела се преведувани на англиски и други светски јазици и читани во странство, па им порача на македонските режисери порај странските за своите претстави да земаат текстови од македонски автори.
Тој на публиката и порача да ја погледнат претставата и потоа да ја прочитаат и неговата книга „Лето во кое те нема“, а според која е направена оваа претстава.