Агелер: Вања ја плати цената, бидејќи криминалците не беа кривично гонети и затворени

Амбасадорката на САД, Ангела Агелер, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 упати остри критики кон институциите на РСМ за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Според неа, институциите биле свесни дека осомничените се криминалци, но не ги санкционирале.

„Да ви кажам искрено, како што реков претходно денеска, системот не и помогна на таа млада дама. Станува збор за криминалци за кои се знаеше дека се криминалци, насилници и не се во затвор. Тие претходно не биле уапсени и затворени. Тие не беа уапсени и гонети за нивните претходни злосторства, тие не мораа да ја платат таа цена, па една млада девојка ја плати цената. Вања ја плати цената“, изјави Агелер.

Таа додаде дека институциите треба да се погледнат себеси и да се запрашаат дали можеле да ја спасат Вања.

„Тоа е апсолутно срцепарателно. Сега не е време за политизација, туку време е институциите да си погледнат и да се запрашаат, што можевме да направиме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во државата? Зошто дозволуваме криминалците да шетаат слободно и да прават злосторства против кој било во земјата? Ова е трагедија“, рече амбасадорот.