Макрон изрази солидарност со Израел во борбата против тероризмот

 Франција е солидарна со Израел во борбата против тероризмот, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на средбата со неговиот израелски колега Исак Херцог во Ерусалим.

„Тоа што се случи никогаш нема да се заборави. Овде сум да ја изразам нашата солидарност“, рече Макрон, мислејќи на нападот на Хамас врз Израел во кој милитантната група уби повеќе од 1.400 луѓе, пренесува Ројтерс.

Израел не сака да води војна со милитантите на Хезболах на својата северна граница, туку наместо тоа е фокусиран на борбата против Хамас во Појасот Газа, изјави израелскиот претседател Исак Херцог на денешната средба со Макрон, пренесува Танјуг.

„Сакам да разјаснам дека не бараме конфронтација на нашата северна граница, ниту со некој друг. Но, ако Хезболах не вовлече во војна, треба да биде јасно дека Либан ќе ја плати цената за тоа“, рече Херцог, пренесува Тајмс оф Израел.