ЧОВЕК ПРЕКУ НОЌ ЈА ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈАТА, ПА ПОБАРАЛ ДА ГО ИЗВАДАТ ОД МРТОВЕЧНИЦА: Откри како стигнал таму

Холандската полиција неодамна објави интересна приказна на Инстаграм, која може да послужи како инспирација за филмот.

Се започнало кога диспечерот на ноќната смена добил повик од постар човек. Со исплашен глас побарал да го изнесат од мртовечница!

„Полиција, како да ви помогнеме“ , рекол диспечерот, а човекот од другата страна на линијата одговорил: „Заклучен сум “.

Изненадениот службеник продолжи со прашања: „Велиш дека си заклучен? Знаеш ли каде си?”.

За момент помисли дека разговара со личност која боледува од деменција, што не би било првпат.

„Да, знам каде сум. Гледам во таблата, пишува мртовечница“, рекол непознатиот маж.

Даде и адреса која се покажа како точна.

Диспечерот наведува дека низ главата му поминале секакви работи, особено сликата на постар човек кој бос седи во мртовечницата, покрај отворен ковчег.

„Господине, знаете ли како стигнавте таму“, беше следното прашање.

По некое време дојде одговорот: „Да… Дојдов да се поздравам со мојот починат пријател и мислам дека заспав“.

Диспечерот му рекол на човекот да не се грижи и дека ќе повика помош. Потоа стапил во контакт со погребалното претпријатие и побарал од ноќниот чувар да ги отвори просториите што е можно поскоро.

Сум имал многу луди повици во ноќната смена, но овој никогаш нема да го заборавам“, рекол полицаецот.