Агелер: Законите во оваа земја, колку и да се комплицирани, треба и можат да работат за доброто на граѓаните
Амбасадорката на САД во РCM, Ангела Агелер, во воведниот говор на тркалезната маса „Дали ни треба закон за Уставен суд?“ што се одржа пред Уставниот суд, рече дека овој момент треба да се искористи за да се потсетиме за кого работите и зошто сте назначени овде. Законите во оваа држава, колку и да се комплицирани, треба и можат да функционираат за доброто на граѓаните.
Ова е навистина дефинирачки момент не само за Уставниот суд, туку и за вашите колеги насекаде во судството и што е најважно, за граѓаните на оваа земја. Ве молиме земете го овој момент за да се сетите за кого работите и зошто сте назначени овде. Законите во оваа држава, колку и да се комплицирани, треба и можат да работат за доброто на граѓаните.
,,Како партнери и пријатели, Соединетите Држави ја поддржуваат работата на судството за да се осигура дека правдата останува достапна, непристрасна и вкоренета во уставните вредности“, рече американската амбасадорка Ангела Агелер.
Таа ја поздрави денешната расправа во Уставниот суд, велејќи дека вклучувањето на јавноста ја зголемува транспарентноста и е почеток за враќање на довербата во судството и неговите одлуки.
„Транспарентноста не само што ја гради довербата, туку може и да помогне во зајакнувањето на големата потреба и фундаменталната улога на независноста на судството. Уставот е основа на демократските институции во оваа земја и гарант на правата и слободите на нејзините граѓани. Улогата на независен Уставен суд е да го поддржува ова со своите одлуки, а тоа е исклучително важно за здрава демократија.
Мислам дека не претерувам кога велам дека ова е навистина одлучувачки момент не само за Уставниот суд, туку и за вашите колеги насекаде во судството, и што е најважно за граѓаните на оваа земја. Ве молиме, земете го овој момент, ве молиме запомнете за кого работите и зошто ве ставија овде, и ве молам, за оние од вас кои сте судии, запомнете и потсетете се на заклетвата што ја дадовте, а за сите судии и обвинители насекаде во судството, ве повикувам да го следите овој процес.
Законите во оваа држава, колку и да се комплицирани, треба и можат да работат за доброто на граѓаните. Како партнери и пријатели, Соединетите Држави ја поддржуваат работата на судството за да се осигура дека правдата останува достапна, непристрасна и вкоренета во уставните вредности“, рече амбасадорот Агелер.