Агентот на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, Рафаела Пимента, ја откри сумата за трансфер на норвешкиот фудбалер.
- Ерлинг Халанд вреди околу една милијарда евра. Сериозна сум. Ова сума ја сметам за реална за играчот, изјави Пимента за „Телефут“.
Халанд се пресели во Манчестер сити минатото лето.
Оваа сезона Норвежанецот има 31 настап за англискиот клуб, постигна 32 гола и четири асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на 22-годишниот Халанд на 170 милиони евра.