Во синоќешната емисија Во Центар со Васко Ефтов гостуваше Агим Јонуз, кој во неговата кариера е претставен со повеќе улоги. За себе вели дека е дете на асфалтот, крик на јавноста и граѓаните, иако добар дел од кариерата му поминала во близина со политиката, јавниот живот и олигарсите.
Бил десна рака или главен советник на првиот ВД амбасадор на Америка во Република Македонија, Виктор Комраз, Главен советник на Љупчо Јордановски кога бил претседател на македонскиот парламент, Главен советник на Владо Бучковски кога бил премиер, заедно со Владо Бучковски бил дел од екипата на последниот македонски политичар присутен во овалната соба во Белата куќа. Бил втор човек во ЕВН Македонија, бил дел од екипата која требала да направи четврт мобилен оператор, бил дел од екипа во клучна осигурителна компанија, бил во советодавниот тим на Трифун Костовски кога правеле граѓанско здружение, а приватно се пријатели. Имал бизнис во Турција и тн.
Агим Јонуз е личност која е многу присутна во јавноста, но истовремено контроверзна. Албанците го сметаат за недоволно нивен бидејќи не зборува албански, а Македонците исто го сметаат за недоволно нивен бидејќи сепак е Албанец. Фигуративно опишан во емисијата како „фабричка грешка“.
На прашањето како се гледа себеси во огледало, Агим Јонуз одговара дека гледа „Будала“. Тој повеќепати го повторува зборот „Будала“, објаснувајќи дека е будала која сеуште се секира за Македонија, ја сака, се бори за неа и се труди да биде конструктивен. Објаснува дека „будала“ во јазикот на фигуративноста може да биде и позитивна.

На прашањето дали се плаши за државата, одговара „Да, се плашам“, бидејќи е тука роден и ја сака оваа држава. Се доживува како реален патриот, за разлика од многу други кои се само декларативни.
Вели дека е „антички македонец у слободно време“, а кога не е во слободно време, е „антички Албанец“. Сепак, се оградува од споредби со Али Ахмети, и би сакал да биде споредуван со Хашим Тачи.
Објаснува зошто не научил албански јазик на високо ниво: зборува албански, но не е образован на албански, туку на македонски јазик. Кога треба да каже нешто содржајно, зборува на македонски бидејќи е поспремен и образован на тој јазик. Забележува дека неговата мајка е Босанка и дома зборувал босански јазик.
На прашањето што е ако не е Албанец по професија, одговара: „Јас сум Албанец по етничко потекло а не по професија“. Смета дека етноцентристичката политика не води никаде и секогаш бил за граѓанско општество. Ја критикува појавата политичари да зборуваат само од аспект на својот етникум.
На прашањето за неговата теза дека „не сум Албанец по професија“, објаснува дека во политичката сцена многумина се борат само за својот етникум. Тој настапува како Агим Јонуз, а не како Албанец. Смета дека многумина Македонци се „Македонци по професија“ што е случај со 90% од ВМРО, вели Јонуз. Се доживува како етнички аутсајдер, но и како реален македонец кој ја претставува Македонија надвор.
Ја критикува олигархијата и системот, но на прашањето дали би одбил да биде дел од системот, вели дека можеби веќе е дел од системот. Се доживува како „шпага“ – истовремено и со народот и со системот.
Агим Јонуз раскажува и за својот престој во Турција. Таму работел во два сектора: воена индустрија (како директор на Вигруп Дифенс од Анкара) и со драги камења, дијаманти, злато. Бизнисот во Турција завршил откако дошол Ердоган и почнале апсења и убиства.
Додека бил дел од тимот што ја воспоставил американската мисија во Македонија (со Виктор Комраз), официјално се водел како „возач“, но бил „човек за се“ . Се смета за човек која ја ставил првата шајка на ѕид со знакот на американската амбасада. Вели дека сега нема ништо со американската амбасада и не го интересира нивната политика.
Во ЕВН Македонија бил втор човек, десна рака на генералниот директор. Признава дека станал директор со „дубара и превара“. Не се разбира од струја освен дека „гори на 220 вати“. Неговиот престој во ЕВН траел три и пол до четири години.
Бил еден од основачите и инвеститорите на виртуелен мобилен оператор, Ало Телеком, кој пропаднал откако Албафон добил лиценца.

На прашањето како успева да ја „фура“ приказната за човек од асфалтот/народот, иако бил близок со многу олигарси и политичари, вели дека е „мангуп“ и дека веројатно таа приказна не одговара на реалноста. Смета дека за да бидеш таму каде што бил, мора да имаш некакви вредности. Како пример за вредност која ја имал за да биде советник на Владо Бучковски, иронично вели „онака да му улепшам кабинет“.
Ја критикува албанската политичка сцена дека имаат само една програма – унифицирање, кое на крајот ќе заврши со федерализација. Говорот за „голема Албанија“ го споредува со соништата за „голема Македонија“, при што кај Македонците тоа е „патриотизам“, а кај Албанците „национализам“. За неговата теза за федерализација, вели дека тоа е теза на предвидување, а не дека тоа нужно ќе се случи. Сепак, смета дека Македонија веќе функционира како акционерско друштво на етноцентристичките партии и дека Западна Македонија е „екстериторија“.
Чувствува разочараност од Македонија, но смета дека не е само тој, туку и самите Македонци се разочарани, не ја сакаат и ја презираат својата држава.
Новинарот Васко Ефтов му посочи дека вештачката интелигенција го дефинирала како „човек без табор“, што тој го прифаќа како вистина и дека не припаѓа никаде. Едните не го сакаат бидејќи е со фабричка грешка (не доволно Албанец), другите бидејќи е исто со фабричка грешка (не доволно Македонец). За себе вели дека се доживува како еден од последните кои реално ја сакаат Македонија.
За неговиот „легитимитет“ како Албанец или Македонец, Васко Ефтов иронично забележува дека секаде каде што стапнал, настанала катастрофа (Љупчо Јордановски и Владо Бучковски ги изгубиле изборите и завршиле на „топол оброк“, ЕВН ги „пљачка“ граѓаните според нивна перцепција, бизнисот во Турција пропаднал, мобилниот оператор пропаднал… На ова, Агим Јонуз му одговoри: „ебати советникот“.
На прашањето каде оди државата, смета дека оди кон Европа, но „на клоци“. „Ние не се водиме самите, туку не води геополитиката.“ Македонија ја опишува како „земја на раскрсница“ – место каде ништо не може да се изгради. Смета дека Македонија може да биде споена со нешто друго само поради геополитичка случајност, но не и наградена за свои дела, бидејќи пропаѓа и тоне.
Гостувањето во Овалната соба го опишува како протоколарен настан каде ништо суштинско не се договара и дека таму присутните се само „марионети“.
Смета дека народот (Македонците и Албанците заедно) е неспособен за држава.
На крајот, повторно повторува дека се доживува како „будала“ кога ќе се погледне во огледало, бидејќи се’ уште верува во идеали и во Македонија како држава.
Целата емисија погледнете ја на следниот линк: