Агуеро демантира дека се враќа во фудбалот

 Поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Серхио Агуеро демантираше денеска дека ќе се врати на теренот и истакна дека не планира да тренира со Индепендиенте, клубот во кој ја почна кариерата која мораше предвреме да ја заврши поради проблеми со срцето.

Агуеро (35) замина во фдбалска пензија во декември 2021, а откако неодамна изјави дека добил порака од својот доктор дека во иднина повторно би можел да гра фудбал, дел од светскте медиуми објавија оти, наводно, добил повик од тренерт на Индепендиенте, Карлос Тавез, да тренира со аргентинскиот клуб.

„Тоа е лага, нема да тренирам со Индепендиенте“, изјави Агуеро за аргентинските медиуми.

Агуеро ја почна кариерата во Индепендиенте, а продолжи во Атлетико Мадрид и Манчестер сити, завршувајќи со фудбалот како член на Барселона.