Адвокатот на таткото на момчето убиец го навредуваше Обвинителот: Скандал на судењето за масакрот „Рибникар“
Адвокатот на таткото на момчето-убиец кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, го навредуваше обвинителот, за што доби опомена.
Адвокатот Боривоје Боровиќ, кој го застапува таткото на момчето-убиец кој на 3 мај 2023 година во ОУ „Владислав Рибникар“ уби десет лица, девет ученици и училишен чувар, го прекина и го навредуваше обвинителот, за што судскиот совет го предупреди… Откако Боровиќ доби опомена, може да биде казнет.
– Судењето продолжи денеска со распит на таткото на момчето убиец, кој одговараше на прашањата на Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој беше сослушан од главниот јавен обвинител Ненад Стефановиќ, кој имаше над 200 прашања до обвинетиот татко. Но, адвокатот Боровиќ повеќепати го прекинуваше и навредуваше обвинителот, поради што претседателот на судскиот совет донесе решение со кое го опоменува за недолично однесување во судницата – вели изворот.
Да потсетиме, таткото на момчето убиец (14) на прашањето на обвинителот „кој е одговорен за масакрот“ одговори дека „не знае“. Тој во четвртокот побара од обвинителот да му се обраќа со почит бидејќи е „угледен лекар“.
За денеска заврши судењето во кривичната постапка. Следниот е закажан за 1 април, кога родителите на жртвите треба да му постават прашања на таткото на момчето.