Адеми: Немаат моќ да го отстранат Стоилковиќ, беа принудени да ја повлечат Сафије Садики-Шаини

Откако Алтернатива се повлече од одлуката Сафије Садики-Шаини да биде заменик министер во Министерството за односи со заедниците, реагираше Арбр Адеми од ДУИ кој рече дека поради немање политичка моќ, ВЛЕН бил принуден да го повлече името на Сафије Садики-Шаини.

„Во отсуство на политичка моќ да го отстрани пропутин и про-вучиќ Србинот Иван Стоилковиќ од Министерството за спроведување на Охридскиот договор, вазалите на Влен се принудени да го повлечат предлогот госпоѓата Сафије Садику-Шахини да биде заменик на Стоилковиќ.
Немоќни и нелегитимни слуги секојдневно ги понижуваат Албанците потклекнувајќи се пред ВМРО-ДПМНЕ“, рече Адеми.