Адетокумбо испиша историја во НБА

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо го предводеше изминатата ноќ Милвоки до деветта победа сезонава во НБА лигата, поставувајќи воедно рекорд во триумфот над Далас од 132-125.

Адетокумбо придонесе во триумфот со 40 поени и стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој постигнал 16.000 поени, 7.000 скокови и 3.000 асистенции.

Ѕвездата на Милвоки влезе во НБА историјата со 28 години и 347 денови, надминувајќи го рекордот кој досега беше во сопственост на Кевин Гарнет (29 години и 199 денови).

Во новата сезона Адетокумбо има просек од 29 поени, девет скокови и четири асистенции по натпревар.