Адријана Лима ретко ја гледаме во вакво издание: Луѓето тврдат дека таа се променила; „Се борам“ 

Бразилската манекенка неодамна беше фотографирана на улиците на Сиднеј во опуштена и лежерна комбинација, а јавноста ретко има можност да ја види во вакво издание.

Светското првенство за жени моментално се одржува во Сиднеј, а бидејќи Адријана Лима е една од амбасадорките на ФИФА, таму ќе мора да помине одредено време.

Во таа насока, папараците желни за најновите фотографии од познатиот ангел на Викторија ја уловија во моментот кога во лежерна облека се шета низ австралиската метропола.

Тесните панталони и широката јакна беа составен дел од нејзиното модно издание, а како што можете да видите од фотографиите, манекенката била одлично расположена. Таа со широка насмевка ги поздрави папараците.

Да потсетиме дека супермоделот во последните месеци се соочува со гласни и остри критики од јавноста во врска со нејзиниот изглед. Убавата Бразилка пред неколку месеци даде ексклузивно интервју за магазинот „Пипл“ во кое зборуваше за личната борба со вишокот килограми по породувањето.

„Значи, мора постојано да вежбате прифаќање промени, а јас се борам секој ден“, признала таа.

Фото: Profimedia

Меѓутоа, токму кога помислила дека нејзината манекенска кариера е завршена, познатата бразилска убавица добила повик кој не го очекувала.