Азар на 32 години стави крај на кариерата како професионален фудбалер

– Белгискиот напаѓач Еден Азар соопшти дека се повлекува од фудбалот на 32-годишна возраст.

„Мора да се слушате себеси и да кажете стоп во вистинско време. По 16 години и повеќе од 700 одиграни натпревари, решив да ја завршам кариерата како професионален фудбалер“, изјави Азар на Инстаграм.

„Имав прилика да го остварам мојот сон, играв и се забавував на многу терени низ светот. За време на мојата кариера имав среќа да запознаам одлични менаџери, тренери и соиграчи. Ви благодарам на сите за овие прекрасни времиња, ќе ми недостигате сите“, додаде тој.

Азар им се заблагодари и на своите поранешни клубови – Лил, Челзи и Реал Мадрид.

Азар, кој ја освои титулата во француската Лига 1 во 2011 година со неговиот клуб од детството Лил, премина во англискиот премиерлигаш Челзи во 2012 година.

Тој освои два трофеи од УЕФА Лига Европа (2013, 2019), две титули во Премиер лигата (2015, 2017) и една ФА Куп (2018) со овој клуб.

Откако премина во шпанскиот клуб Реал Мадрид во 2019 година, тој ги освои Лигата на шампионите во 2022 година и Светското клупско првенство на ФИФА во 2023 година, заедно со две титули во Ла Лига во 2020 и 2022 година.

Азар, исто така, постигна 33 гола на 126 натпревари за Белгија.