Азербејџан: Уапсен поранешниот „претседател“ на таканаречената ерменска администрација во Карабах

– Службата за државна безбедност на Азербејџан го уапси Арајик Харутјуњан, поранешниот „претседател“ на таканаречената ерменска администрација во Карабах.

Во заедничкото соопштение на Генералното јавно обвинителство и Службата за државна безбедност на Азербејџан се наведува дека Харутјуњан бил фатен во Канкенди на 3 октомври и донесен во Баку.

Харутјуњан своевремено соопшти дека наредил напади со балистички ракети врз градот Гања во Азербејџан за време на Втората карабашка војна, што предизвика смрт на многу цивили.

Азербејџан распиша потерница по Харутјуњан, а по него беше распишана и меѓународна потерница.

Харутјуњан беше таканаречен „претседател“ на окупаторскиот ерменски режим во Карабах од 2020 до 2023 година.

Неименуван извор изјави дека во Азербејџан се приведени поранешните „претседатели“ на таканаречената ерменска администрација во Карабах, Аркадиј Гукајсан и Бако Саакјан, како и таканаречениот „претседател на парламентот“, Давит Ишањан.