Азески го презема раководењето со Асоцијацијата на Балкански комори, ќе ги застапува интересите на 10 стопански комори

На денешната седница на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори што се одржува во Солун, Грција ќе биде потврден изборот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески за претседател на Асоцијацијата во следната година.

На седницата ќе се расправа и за актуелните прашања од економското опкружување на земјите од Балканот, вклучувајќи ги перспективите на Балканските земји да се приклучат на Европската Унија и Еврозоната, како и прашањето за трговската и економската интеграција на земјите од регионот.