Ако видете мртов еж, воопшто не го правете ова: На социјалните мрежи се шири важен апел

Важен апел и молба кружи на социјалните мрежи до сите што ќе наидат на еж кој е мртов. Можно е, пишуваат, животното да е живо, но е во хибернација и му треба наша помош. Не е често, но сепак е можно.

– Ноември е, сезона на хибернација на ежот. Ако најдете „мртов“ еж, не го закопувајте или фрлајте во ѓубре… 

Некои можеби ќе дојдат во вашиот двор барајќи безбедност и топлина за хибернација, некои се толку уморни од потрагата што на крајот спијат на чудни места како улица или тротоар. За време на хибернација, отчукувањата на срцето и општото функционирање на телото малку се забавуваат за да се зачува енергијата, што може да ја збуни личноста дека ежот е мртов – пишува во објава на профилот на Жанет Пенга.

Ако видите „заспан“ еж, се вели во објавата, проверете дали е на безбедно, топло место каде што може да остане во следните пет месеци.

Принтскрин
 

Како функционира хибернацијата?

Метаболизмот на животното во хибернација се забавува и неговата температура паѓа, во некои случаи дури и под нулата. На пример, кај верверичките температурата може да падне до -2°C.

Дишењето исто така се забавува. Кај лилјаците, пулсот може да се намали од 400 на само 11 отчукувања во минута! Некои животни, како што се некои видови жаби, произведуваат природен антифриз за да преживеат при смрзнување.

Животните исто така престануваат да јадат и во многу случаи престануваат да излачуваат. Сето ова се случува така што животното троши помалку енергија.

Хибернацијата е повеќе разноврсна отколку што мислите. Многу животни хибернираат во јама цела зима, но некои животни хибернираат во лето. Некои риби можат да хибернираат во водоотпорен слој од лигите ако нивното езеро се исуши. Одредени птици и лилјаци влегуваат во еден вид дневна хибернација наречена торпор.

Дали хибернацијата навистина е само долга дремка?

Постои голема разлика помеѓу хибернација и спиење. За време на хибернација, животните не само што спијат, туку се подложени на физиолошки промени кои можат да бидат многу драстични. Најзначајниот елемент на хибернацијата е падот на телесната температура, понекогаш и до 17°C! Виталните функции на животното во хиберниција се многу различни од оние на будното животно