,,Ако ги немам јас нема да ги имаш ниту ти” Татко си ги уби трите деца, а на мајката ѝ остави морничава порака: Ова е казната што ја доби

Маж од САД кој оставил писмо за својата сопруга, признал дека ги убил нивните три деца. Џејсон Карелс (36) во петокот се изјасни за „виновен, но ментално болен“ по три точки од обвинението за убиство од прв степен.

Ќе биде осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Карелс призна дека убил три деца: Брајант (5), Кесиди (3) и двегодишниот Гидеон. Тој ги удави децата во јуни минатата година.

Кога полицијата пристигнала во домот на семејството за да ги провери децата, пронашла белешка упатена до неговата сопруга Деби, соопштија обвинителите.

„Ако јас не можам да ги имам, нема ни ти“, гласеше пораката.

Карелс, од Илиноис, бил уапсен откако со своето возило удрил во мост додека се обидувал да побегне од полицијата.

Тој во несреќата се повредил и кратко време поминал во болница, пренесува Sky news.

Тој рече дека тој е одговорен за смртта на децата и дека се обидел да се самоубие пред да побегне од куќата. Полицијата соопшти дека родителите го делеле старателството над децата во моментот на нејзината смрт, но не живееле заедно.