АКО ГО ПРЕСПАВТЕ ЕПСКОТО ФИНАЛЕ – МОРА ДА ГО ГЛЕДАТЕ ОВА! Најинтересните детали од натпреварот по кој бруи цела планета! (ВИДЕО)

Уживајте во мајсторијата на Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз…

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз во финалето во Синсинати им приредија спектакл за паметење на љубителите на тенисот.

Новак го совлада Алкараз по нереален пресврт 5:7, 7:6 (7), 7:6 (4) и ја освои 39. Мастерс титула во кариерата во меч кој ќе се прераскажува со години .

Тоа беше дефинитивно едно од највозбудливите финалиња во историјата на белиот спорт. Скоро четири часа (3 часа и 50 минути) Србинот и Шпанецот гинеа на теренот на големите жештини. Љубителите на тенисот имаа можност да видат неколку атрактивни потези, нереални поени, драматични сцени , зачувани меч топки, пресврт и конечно експлозија на емоции на тениските воини. Големото славје на Новак и солзите на скршен Алкараз.

Бидејќи натпреварот започна доцна за навивачите во Балканот, многумина, за жал, не можеа да го проследат овој тениски спектакл во живо.

За сите вас кои го пропуштивте епското финале, но и за оние кои сакаат повторно да уживаат во магијата на Србинот и Шпанецот, имаме одлична видео компилација од најинтересните моменти од мечот за паметење!

Уживајте!