Патниците со црвени куфери обично чекаат уште малку за својот багаж. За тоа има објаснување – црвените куфери обично први се пакуваат во авионот, па затоа и последни. Но зошто?
Сива, црна, сина, жолта, со дезени или без – на патеките за подигање на багаж во авионот, на патниците прво им се даваат овие обоени куфери. Црвените стигнуваат само на крајот, што значи дека најдолго чекаат. Некој би помислил дека тоа е обична случајност, но не – зад ова стои тактиката на вработените во воздухопловната индустрија.
Црвените куфери скоро секогаш прво се спакувани
Повеќето авиокомпании се придржуваат до непишаното правило дека црвените куфери секогаш се спакувани први во „стомакот“ на авионот. Долго време ништо не се знаеше за оваа практика, се додека еден корисник на социјалната мрежа TikTok, кој работи како пакувач на багаж, сподели видео на кое се гледа како се ставаат куферите во просторот за багаж.
Видеото стана вирално речиси преку ноќ и собра речиси 83 милиони прегледи, сето тоа благодарение на објаснувањето зошто црвените куфери се спакувани прво. Објаснувањето е многу едноставно и логично: црвените куфери се неспоредливо позабележителни од багажот со други бои, па има помали шанси да се заборави во „багажникот“ на авионот при слетувањето на дестинацијата.
Тие чекаат подолго, но поретко се губат
Во коментарите под виралното видео, еден корисник го сподели сопственото искуство како патник: „Имам црвен куфер. Сега знам зошто секогаш го чекам багажот подолго од другите патници на истиот лет“, напиша тој. И навистина, со оглед на тоа што последни се извадени од просторот за багаж, чекањето за црвените куфери е секогаш подолго.
Но, добрата вест е дека овие куфери поретко ќе бидат заборавени во „стомакот“ на авионот токму поради нивната светла боја. Значи, ако имате црвен куфер, помала е веројатноста дека ќе останете без него неколку дена додека тој талка во други земји. Значи, вреди да се чекаат тие 10 или 15 минути подолго.
Секако, има и такви на кои им е поважно да ги соберат куферите и што побрзо да го напуштат аеродромот. Доколку и вие спаѓате во оваа категорија на патници, изберете куфери со незабележителни бои и без дезени, но имајте на ум дека тие често се забораваат, а постои ризик да чекате не 10 или 15 минути, туку многу подолго.