АКО ЛУБЕНИЦАТА КОЈА ЈА КУПУВАТЕ Е БЕЗ ВКУС, САМО СТАВЕТЕ И ГО ОВОЈ ЗАЧИН: ВО ИСТАТА СЕКУНДА СТАНУВА СЛАТКА КАКО МЕД

Солта ефикасно ја намалува горчината

За денеска се предвидуваат и тропски температури. Лубеницата може да помогне да се победи топлината, а неочекувана состојка може да ја направи уште послатка.

Многумина не би помислиле дека овој трик е делотворен, односно дека токму овој зачин „добро оди“ со лубеницата, со што ја прави уште повкусна.

Па, ако сакавте да уживате во слатка лубеница, а при првиот залак сте сфатиле дека сте ја купиле горчливата и невкусната , решението е солта, пренесува Mashed.

Солта ефикасно ја намалува горчината. Експертот за вкус на храна Боб Стаки излезе со прилично добра теорија за тоа зошто овој трик функционира.

Лубеница

„Лубеницата има три елементи на вкус, слатко, кисело и горчливо; а горчината може да ја потисне сладоста. Кога ќе посипете малку сол на парче лубеница, таа ќе ја ослободи сладоста и ќе ја потисне горчината“, објасни таа.

Во исто време, солта ги активира плунковните жлезди, со што сè што јадете станува посочно, што е многу важно во летните горештини. Дали некогаш сте забележале дека колку повеќе се потите, толку повеќе вашето тело копнее за сол? Вашето тело ве потсетува да ги проверите вашите електролити. А „солената“ сочна лубеница му помага на организмот да му обезбеди хранливи материи, да ги надополни електролитите и да го одржува телото хидрирано со секој залак.