АКО ПАТУВАТЕ ВО ОВОЈ ГРАД НА ЈАДРАНСКО МОРЕ, ЌЕ ДАДЕТЕ ДОБРИ ПАРИ: Услугата е поскапа од лани, туристите лути – дневен билет до 200 евра!

Новите цени за паркирање важат во Дубровник од 1 мај . Дневниот билет за паркирање е 100 евра, а посетителите ќе треба да платат 10 евра за еден час во близина на стариот дел на градот.

Цените ги објавува Дубровник санитат, а тие варираат во зависност од зоната и месецот во кој го посетувате овој град.

Во нултата зона за еден час паркирање во сезоната (од мај до септември) гостите плаќаат 10 евра. Во првата и третата зона е 1,30 евра, наместо досегашните 0,70 евра. Во втората зона еден час чини 6,60 евра. Повеќечасовен билет до Пила (нулта зона) чини 106,18 евра, а од 1 мај 199,08 евра.

Туристите кои веќе го посетиле ова хрватско летувалиште изразија незадоволство од новиот ценовник.

Дубровник

Повеќечасовен билет во првата зона е 17,25 евра, а во втората 132,70 евра. Пред еден месец беше 53,09 евра.

Дневните билети потврдуваат дека посетителите на Дубровник ќе мора да „копаат длабоко во џебовите“ доколку сакаат да паркираат во непосредна близина на влезот во стариот дел на градот, пренесува Аваз.

Имено, во екот на сезоната дневниот билет е 199,10 евра наспроти претходните 106,20 евра. Во втората зона дневниот билет е 132,70 евра, а во третата 17,30 евра, јавува Бљесак.