Газирана вода помага да се намали вишокот телесна тежина, го олеснува варењето, ја подобрува функцијата на бубрезите, концентрацијата и го зголемува расположението. Затоа треба почесто да го пиете.
Газираната вода е одличен освежителен пијалок кој го хидрира телото, но има и други корисни здравствени ефекти: помага да се намали вишокот телесна тежина, го олеснува варењето, ја подобрува функцијата на бубрезите, регулацијата на телесната температура, концентрацијата и го зголемува расположението.
Најважните вистини и факти за газирана вода:
– Хормонот на глад грелин и хормонот на ситост лептин делуваат на рецепторите во грлото и стомакот, создавајќи чувство на помал или поголем апетит. Газирана вода делува на зголемување на лептинот и го зголемува чувството на ситост. Затоа чаша или две газирана вода со оброк го намалува апетитот и е корисна за сите видови диети.
– Газираната вода ги стимулира истите нервни рецептори како сенфот, создавајќи пријатно наводнување на устата што ги активира нашите рефлекси на голтање. Затоа една или две чаши газирана вода може да ги ублажи последиците од болките во грлото.
Нашето уживање во храната честопати е ограничено со броење на калориите што ги консумираме. Меѓутоа, често забораваме дека внесуваме дополнителни калории и со пијалоците што ги консумираме со оброците. Токму затоа газираната вода е идеален избор , бидејќи освен што е богата со минерали и со тоа ја зголемуваме хранливата вредност на оброкот, со неа не внесуваме дополнителни калории на организмот .
Лекарите од клиниката „Мајо“ велат дека газираната вода е здрава како и обичната вода и дека единствено важно е секојдневно да се пие доволно количество вода, за да се задоволат потребите за хидратација.