Ако ја погледнете оваа слика ќе откриете која страна од вашиот мозок е поразвиена: Она што ќе го видите ќе открие многу за вашата личност! (фото)

Сигурно сте слушнале дека некој има машки мозок, а некој женски и дека овие конкретно не се поврзани со полот. Или можеби треба да се каже дека некој ја развил левата, а некој десната половина од мозокот. Направете го овој тест кој е интересна комбинација од двете споменати работи и дознајте каква личност сте.

Задачата е лесна – погледнете ја оптичката илузија и кажете што сте виделе прво.

Ако прво ја видовте жената, левата страна на мозокот е подоминантна. Секогаш ги собирате сите факти пред да дојдете до каков било заклучок. Тоа е многу флексибилен и слободен начин на размислување, бидејќи кога ги имате сите факти, ви овозможува да ја погледнете ситуацијата од сите агли. Многу сте креативни и знаете како да се справите со ситуации кои моментално се менуваат, пишува „Независне новине“. Брзиот виор на мисли не ве спречува да донесувате прецизни заклучоци.

Ако прво сте го виделе мажот, десната страна на мозокот е подоминантна. Кога размислувате за нешто, прво доаѓате до заклучок, а потоа наоѓате причини да го поддржите вашиот заклучок. Постојано барате информации, па во споредба со другите, многу брзо размислувате. Дополнително, вашиот начин на размислување е одличен бидејќи можете да погледнете постари информации кои не мора да водат до побрзи заклучоци.