Актерката од ,,Сексот и градот” откри што ја нервирало најмногу при снимањето на серијата: Го мразев тоа, навистина бев бесна! (фото)

Актерката Кристин Дејвис (58), позната по улогата на Шарлот Јорк во серијата ,,Сексот и градот”, ја коментираше серијата и нејзиното продолжение и се потсети на моментите од серијата кои не и’ се допаднаа.

Таа рече дека и’ пречи што мора да го контролира темпераментот на Шарлот.

– Нејзе ѝ случуваа луди работи и се прашував: „Зошто не е лута? Кој не се лути, особено ако луѓето ѝ извикуваат вулгарности во лицето за време на сексот. Се сеќавате на таа епизода? Навистина го мразев. Го одглумив само затоа што Синтија Никсон, која ја игра Миранда, мислеше дека е смешно. Но, јас бев бесна – изјави Кристин.

Мислела на епизодата од третата сезона кога го гледала Александар Лемли. Тој вели дека на снимањето рекла дека Шарлот мора да е таен убиец врз основа на нејзиното однесување.

– Тоа го прават луѓето кога не можат да го почувствуваат својот гнев. Им реков: „Ако и’ ја отворите вратата од плакарот, ќе испаднат деловите од телото на сите мажи што таа тајно ги убила и би биле завиткани во проѕирна фолија” – објаснила таа.

Кристин ќе се појави и во претстојната втора сезона, чијашто премиера ќе биде наскоро. Ким Катрал, која ја игра Саманта Џонс, ќе се врати во една сцена.

– Тоа е супер. Навистина го мислам тоа. Очигледно, нејзината сцена е снимена некаде во гаража без контакт со никого, па единственото место каде што можам да ја видам е мојата дневна соба кога се прикажува епизодата – изјави актерот Еван Хендлер, кој во серијата го игра сопругот на Шарлот.