– Поранешниот англиски селектор Сем Алардајс (68) е назначен денеска за нов тренер на Лидс со задача да се обиде да му обезбеди на клубот од Западен Јоркшир опстанок сезонава во Премиер лигата.
Шеесетиосумгодишниот Алардајс доаѓа на местото на Шпанецот Хави Гарсија (58), кој поради слаби резултати доби отказ на четири кола пред крајот на англиското првенство.
„Бев шокиран. Не мислев дека ова ќе се случи во оваа фаза од сезоната. Мислев дека нема да има работни ангажмани“, изјави Алардајс за англиските медиуми, додавајќи оти за одлуката да ја прифати понудата од Лидс му биле потребни две секунди.
„Добро ќе беше да имав повеќе време на располагање, но имаме четири натпревари и се надевам дела ќе успееме да го задржиме овој прекрасен клуб во Премиер лигата“, истакна Алардајс, чие деби ќе биде в сабота на гостувањето кај актуелниот шампион и лидер на табелата Манчестер сити.
Лидс во моментов се наоѓа на 17 место со 30 бодови, колку што има и Нотингем Форест едно место подолу со послаба гол-разлика.