Алармантна најава! Повторно војна, враќање на окупираните територии?! 

Сирискиот министер за надворешни работи Фајсал Микдад изјави дека Сирија водела неколку војни против Израел и дека е подготвена за нови конфликти.

– Сирија водела неколку војни против ционистичкиот ентитет (Израел) и е подготвена за нови војни. Сирија ќе одлучи кога и каде – рече Микдад за време на прес-конференцијата во Дамаск со иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

Шефот на сириското Министерство за надворешни работи истакна дека окупацијата на дел од сириската територија од страна на Израел , САД и Турција е нелегална, нагласувајќи дека Сирија е подготвена да ги ослободи своите територии.

Абдолахиан отпатува во Дамаск на средба со голем број сириски претставници, а сирискиот претседател Башар ал Асад на средбата предупреди дека акциите на Соединетите Држави, кои продолжуваат да му доставуваат оружје на Израел, може да доведат до ескалација на конфликтот во средниот Исток.

Неодамна Израел изврши неколку напади на сириска територија, вклучувајќи го и Дамаск.