АЛАРМАНТНО, „БЕЛАТА СМРТ“ ПОВТОРНО КОСИ?! Античка болест убива ширум светот, СЗО објави информација која е повеќе од загрижувачка

Минатата година се регистрирани 7,5 милиони нови случаи на туберкулоза, што е највисоко од 1995 година, објави пред неколку дена Светската здравствена организација (СЗО).

Иако бројот на случаи на оваа донекаде заборавена болест е зголемен, веројатно станува збор и за значителен број на луѓе кои развиле туберкулоза за време на пандемијата, но не биле дијагностицирани бидејќи здравствените системи ширум светот биле преоптоварени со пациенти со корона.

Најзаразната болест после Ковид

Сепак, туберкулозата е најсмртоносната заразна болест во светот по Ковид: минатата година однесе 1,3 милиони животи, што е подобрување во однос на 2021 година кога уби 1,4 милиони луѓе.

Во 2022 година, најголем број на нови случаи на туберкулоза е забележан во регионот на Југоисточна Азија (46 проценти), по што следат африканскиот регион (23 проценти) и западниот Пацифик (18 проценти). Околу 87 отсто од новите случаи на туберкулоза се регистрирани во 30 земји, а предничат Бангладеш, Кина, Демократска Република Конго, Индија, Индонезија, Нигерија, Пакистан и Филипините.

– Со децении нашите предци страдаа и умреа од туберкулоза без да знаат што е тоа, што ја предизвикало или како да се спречи. Денес имаме знаење и алатки за кои можеа само да сонуваат. Имаме политичка обврска и имаме можност која ниту една генерација во историјата на човештвото ја немала: можност да го напишеме последното поглавје од приказната за туберкулозата – изјави Тедрос Гебрејесус, генерален директор на СЗО, најавувајќи дека првата нова вакцината против туберкулоза во последните 100 години е во завршна фаза на тестирање, пренесува „Индекс“.

Што е туберкулоза

Туберкулозата (ТБ) е заразна болест предизвикана од бактерии од родот Mycobacterium tuberculosis. Најчесто ги погодува белите дробови, но може да влијае и на други органи. Станува збор за инфекција со капки која се шири низ воздухот од болна личност на здрава личност.

Бактериите се наоѓаат во ситни капки кои се создаваат како аеросол кога заразеното лице кашла, кива или зборува. Тие капки можат да ги вдишат луѓе кои се во близина и се инфицираат. Со вдишување бактериите стигнуваат до белите дробови каде што се размножуваат, а од белите дробови можат да стигнат до секој орган во телото.

Позната и како „белата смрт“, туберкулозата е болест стара колку и човештвото.

Кои се симптомите и кој е изложен на ризик

Симптомите се кашлица, главно со искашлување, губење на апетит и телесна тежина, температура помеѓу 37 и 38 степени, општа слабост, малаксаност со физичко влошување. Еден од симптомите може да биде и кашлање со крв.

– Чувствителни се постарите, имунокомпромитирани пациенти кои се на имуносупресивна терапија, кои се на биолошка терапија, кои имаат друга болест. Оние со СИДА се особено изложени на ризик. Што се однесува до симптомите, има кашлица со искашлување, губење на апетит, губење на телесна тежина, субфебрилна температура која не е висока. Секако, важно е да се јавите на лекар кога ќе се појават првите симптоми за што поскоро да се започне со адекватна терапија и да се започне со лекување – додава д-р Стјепановиќ.

Како да се лекува туберкулозата

Лекувањето на туберкулозата трае шест месеци, а потребни се посебни услови. Како што објаснува нашиот соговорник, во повеќето случаи пациентите добро реагираат на терапијата, но тоа е болест која може да има непредвидлив тек.

– Некогаш туберкулозата тешко се лекуваше додека не се појавија антитуберкулозните лекови кои сега се достапни. Се вели дека не постои орган на кој туберкулозата не може да влијае, па може да има тешка форма како што е, на пример, туберкулоза на централниот нервен систем, но за среќа ова е ретко. Она што е важно да се каже е дека сега располагаме со четири лекови, точно е дека лекувањето трае долго, неколку месеци, но тие се лекуваат. Третманот во просек трае околу шест месеци – изјави за „Блиц“ д-р Михаило Стјепановиќ, директор на Клиниката за пулмологија на УКЦС.

Во светот од туберкулоза умираат 1,4 милиони луѓе, а од тој број 90 отсто од заболените се возрасни.