АЛАРМАНТНО – Каналите во Венеција пресушија, аларм низ Европа (ВИДЕО)

Ситуацијата на Пиринеите е блиску до рекордно ниско количество снег за овој период од годината, рече Мителбергер.

Многу блага зима, рекордно ниско ниво на дожд и запрепастувачки недостаток на снег во Европа ги оставија реките, каналите и езерата низ континентот на алармантно ниски нивоа, а експертите предупредуваат дека може да се случи повторување на големите суши од минатата година.

Сателитски податоци
Сликите на пресушените речни корита и ниското ниво на езерата обично се поврзуваат со летните горештини, а не со зимата. Но, исклучително топлиот и сув почеток на годината погодува многу европски области, особено централна и југозападна Франција, северна Шпанија и северна Италија, пишува CNN.

Состојбата со водата во Европа стана многу неизвесна, покажува студијата објавена во јануари од истражувачите од Технолошкиот универзитет во Грац, кои користеле сателитски податоци за да ги анализираат светските подземни водни ресурси.

  • Пред неколку години не можев да замислам дека водата ќе биде проблем во Европа. Имаме проблеми со водоснабдувањето – мораме да размислиме – рече еден од истражувачите Торстен Мајер Гур (Мајер-Гур).

Најсушен период
Франција, која го доживува својот најсушен период во последните повеќе од 60 години, наскоро може да воведе ограничувања за водата.

  • Франција забележа 32 последователни дена без значителни врнежи, од 21 јануари до 21 февруари – рече Симон Мителбергер, климатолог во Метео-Франс, што е најдолг период од 1959 година, откако се води евиденција.

Тоа штетно влијае на реките и езерата, како и на почвата, истакнува Мителбергер.

  • Земјата е многу посува од вообичаено – рече тој.

Влага на почвата
Моменталните нивоа на влажност на почвата во Франција обично се регистрираат само во средината на април. Снегот исто така беше слаб.

  • Ситуацијата на Пиринеите е блиску до рекордно ниско количество снег за овој период од годината – рече Мителбергер.

На Алпите падна 63 отсто помалку снег од вообичаено. Недостатокот на снег во зима може да ги загрози резервите на вода во пролет и лето.