Приштинската полиција денеска околу 14 часот добила информација дека на Клиниката за патологија во Приштина била поставена експлозивна направа.
Веднаш по добивањето на информацијата, на терен излегле специјализирани екипи за деминирање и започнал процесот на изолација и уништување на експлозивната направа – рачнa бомби.
Приштинската полиција соопшти дека персоналот е евакуиран и дека е во тек на уништување на експлозивната направа и целосен претрес на просториите на Клиниката.