АЛАРМ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ! Ајкула мирно плива покрај брегот, туристите не можеа да поверуваат што гледаат, драма на Јадранот!

Драматична сцена

Необична и нималку пријатна сцена денеска е снимена на црногорското приморје кај Херцег Нови. Имено, една туристка која седела со своите деца пред хотелот во Мељина покрај пристаништето снимила ајкула како плива покрај брегот.

Песочна ајкула долга околу метар и половина мирно пливала и кружела по пристаништето на чудење на туристите кои седеле на брегот не верувајќи во тоа што го гледаат.

Во црногорските води често може да се видат песочни ајкули и се релативно чест улов на црногорските ловци, како и на оние кои ловат со мрежи, но денес нивниот број е значително намален.