“АЛАРМ НА НИВО 4“ – Американците издадоа драматично предупредување: “Сите, бегајте од Белорусија, сега!“ – што се случува !?

Владата на Соединетите Американски Држави (САД) ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Белорусија. Предупредувањето за патување е издадено откако соседните земји на Белорусија – Литванија, Латвија и Полска испратија зголемени воени сили долж границата поради загриженост за можни активности на платениците на Вагнер. Стејт департментот ја одреди Белорусија како земја со ниво на ризик од степен 4, што е највисоко безбедносно предупредување.

Американците се загрижени за дочекот што долгогодишниот белоруски лидер Александар Лукашенко, во договор со рускиот претседател Владимир Путин, им го упати на членовите на платеничката група Вагнер, во нешто што изгледаше како краткотраен конфликт меѓу нивниот водач Евгениј Пригожин и рускиот претседател Владимир Путин. Самиот Александар Лукашенко е под американски санкции за кршење на човековите права и политичка репресија по изборите во 2020 година, чија регуларност ја оспорува опозицијата. Подадената рака од страна на Александар Лукашенко за силите на Вагнер предизвика загриженост кај земјите-членки на НАТО посебно за оние земји кои граничат со Белорусија.

слика
Полската Армија на границата со Белорусија

Не патувајте во Белорусија поради континуираната помош на белоруските власти за Русија во нејзиниот напад врз Украина, зголемувањето на руските воени сили во Белорусија, слабото спроведување на законот, потенцијалните граѓански немири, ризикот од затворање и ограничената помош за граѓани кои живеат или патуваат во Белорусија“, се наведува во предупредувањето на Стејт департментот.

Литванија затвори два од шесте гранични премини со Белорусија минатата недела. Стејт департментот известува дека полската, литванската и латвиската Влада предупредуваат дека е можно дополнително затворање на граничните премини со БелорусијаПолска има отворен уште еден граничен премин со Белорусија, додека Латвија има два отворени премини. И Полска и Латвија го зголемија бројот на воени сили на нивните граници со Белорусија.