Албанец од Црна Гора ја убил ќерката и зетот на првата годишнина од бракот! Осман чекал да се вратат, а потоа им пукал – Тој е монструм (фото)
Приказната за косовскиот Албанец, Осман, и неговото злосторство го шокираше светот. Дејли Мејл пишуваше дека Осман е роден во Црна Гора, иако албанските медиуми го претставуваат како „Албанец од Косово“, и дека во Австралија дошол во 1988 година, каде што се оженил една година подоцна.
Двојното убиство се случи во Мелбурн, Австралија, ден пред Новата 2020 година, кога Осман Шаптафај ги убил својата ќерка и нејзиниот сопруг, откако се вратиле од патување за да ја прослават првата годишнина од бракот.
Ветон (29) и Линдита (25) Мусаи беа пар како на насловна страна на списание. Убави, млади, заљубени.
Што го поттикнало таткото на Линдита, возач на камион, да изврши такво грозоморно злосторство на нивниот праг?
Било ден пред Нова година кога се вратиле дома околу 10:30 часот, а Осман ги начекал на вратата и ја застрелал во глава, убивајќи ја на лице место, а зетот го испратил во болница. каде што починал еден ден подоцна. Двојката живеела со семејството на Ветон додека го планирале својот дом.
Осман заѕвонил на вратата на семејството, а потоа оставајќи ги жртвите зад себе отишол во парк недалеку од местото на злосторството и се обидел да си го одземе животот, со два истрели во главата. Тој преживеа, но претрпе последици од повредата на мозокот. Тој подоцна се изјасни за виновен за двете убиства, а минатата година беше осуден на доживотен затвор, со минимална казна од 35 години по што може да бара условна слобода.
Во една од изјавите тој рекол дека поради психичката состојба не бил во здрав ум кога го извршил ова злосторство, а роднините на девојката ја започнале приказната дека Линдита се омажила за да се спаси од нејзиниот татко кој сакал да ја контролира и од нејзиниот живот направил пекол.
Што му претходеше на ова грозоморно злосторство?
МОНСТРУМ
Дејли Мејл го нарекува Осман „монструм“ и татко кој сакал целосно да го контролира животот на својата ќерка. Тој бил лут што неговата ќерка не го известила дека се омажила, и дека живеела далеку од него и без негово влијание. Не можел да се помири со тоа.
Осман ги мачел Линдита, нејзиниот брат и нивната мајка до 2008 година – тогаш му избегале. Братот на Линдита, Арбен, изјави пред судот дека неговиот татко бил опседнат да и’ се одмазди на Линдита.
Во 2011 година при расправија ставил пиштол на лицето на синот и и’ се заканувал на ќерката која сакала да живее со нејзината мајка. Сите барале забрана за негово приближување.
– Линдита го мразеше најмногу на светот поради тортурата низ која поминала.
„Таа веруваше дека нашето семејство ќе биде одлично да не беше тој“, рече нејзиниот брат.
– Бевме тројца и конечно бевме среќни и мирни. Верувавме дека овој кошмар конечно можеме да го оставиме зад нас – речњ Арбен.
Започнувајќи нов живот, Линдита го запознала својот иден сопруг и сè било добро. Последните три дена пред смртта ги помина прославувајќи ја првата годишнина од бракот. Немаа поим што ги чека на враќање.
Осман инаку се обидел да се одбрани со состојба на депресија, во која наводно паднал откако доживеал сообраќајна несреќа со мотор, по што не бил во состојба да работи.
Судијата, пак, го нарече „ладен“ и „пресметан“, а не попушти пред бледите докази на одбраната.
Осман бил лут затоа што ќерката не го поканила на свадба, а зетот не барал дозвола за да ја ожени неговата ќерка.
Останува непознато како ги знаел нивните движења на кобниот ден.
Судијата додаде дека убиецот не покажал каење со ниту една постапка.
Особено тажно беше слушањето на сведочењето на братот на Ветон, Дрилон, кој една година по венчавката на брат му требало да го испланира погребот на својот брат и снаа.
Рече дека сега е многу тажен и дека веќе не се ни насмевнува. Повеќе од 30 членови на двете семејства сведочеа дека нивните животи никогаш повеќе нема да бидат исти.
– Убивте два млади животи, а на две семејства им го променивте животот – рече Дрилон.