Родители, бидете внимателни! Овие четири работи имаат негативно влијание врз развојот на детето, а двете сите ги правиме сосема несвесно (фото)

Начинот на кој го воспитуваме детето има значително влијание врз неговиот раст и развој, а родителите имаат најголема улога во тој процес. Како што објаснува психијатарот Мајмунах Јусуф Кадири за Mom Junction, постојат одредени работи кои родителите, честопати сосема несвесно ги прават и негативно влијаат на развојот на нивното дете, и психички и физички.

– Влијанието на родителите врз децата е огромно и влијае на нивното однесување. На пример, одржувањето пријатна атмосфера дома помага да се поттикне сигурноста и самодовербата кај детето.

Од друга страна, детето кое е секогаш вознемирено и нервозно често може да биде изложено на лошото однесување на неговите родители. Затоа е важно да се разбере дека начинот на живот и несогласувањата со партнерот можат многу да влијаат на севкупниот развој на детето и погледот на сите негови идни врски во животот – објаснува психијатарот, пишува Index.hr.

Како што нагласува Јусуф Кадири, постојат одредени работи, поточно четири, кои особено негативно влијаат врз развојот на детето. Овие работи вклучуваат:

изговарање навреди и пцовки во присуство на дете или во комуникација со него;

лоши навики како што се пушење, пиење алкохол или лажење на кои детето е изложено;

нарушен однос со другиот родител, како што се постојани расправии или насилство;

проблеми со контролирање на однесувањето како што се агресивно однесување, викање или физичко казнување на детето.

Секоја од овие навики негативно влијае на развојот на детето, а последиците во повеќето случаи стануваат очигледни дури подоцна кога детето ќе влезе во пубертет или ќе порасне.

Имено, најчесто се видливи проблемите во одржувањето на квалитетни и здрави партнерски односи, а луѓето кои пораснале со такви родители се повеќе склони кон депресија, анксиозност и агресивно однесување.