Беше најпозната старлета во Југославија! Го заведе Ал Пачино, пијана разговараше со папата а го растури и Бело дугме, еве каде е Дијана денес! (фото, видео)

Дијана Беќировиќ важеше за најубава жена на овие простори во осумдесетите. Работела како новинарка, интервјуирала бројни познати личности, но и го одземала здивот позирајќи на насловните страници на престижните списанија.

Дијана е родена во 1962 година во сиромашно семејство во градот Лукавац во близина на Тузла. Таа позираше гола за насловната страница на магазинот „Старт“, по што доби можност да отпатува во Италија и да стане модел за „Версаче“ и „Ла Перла“. Завршила средно училиште во Сараево, а потоа се запишала на студии по глума од кои се откажала и се запишала на новинарство. Подоцна завршила уште два факултета.

Оваа дама ја започнала својата кариера уште како дете. На 14 години стана модел, а во осумдесетите важеше за секс бомба на поранешна Југославија, но завидни резултати постигна како новинарка во Италија, каде што се пресели.

Своевремено позираше за магазинот „Старт“, како и за познатиот „Плејбој“, а за неа се зборуваше дека е првата југословенска старлета.

Ќе остане запаметено дека последното интервју го направи со познатиот Формула 1 возач Аиртон Сена.

На 1 мај 1994 година, Бразилецот загина во несреќа за време на трката за Големата награда на Сан Марино, а два дена пред тоа, Дијана разговараше со него за животот и смртта.

– Го праша: ,,Зошто се крсти пред да влезе во автомобилот и дали знае што значи тоа. Многу луѓе не знаат зошто се крстат” Сена имаше најдобри одговори бидејќи имаше предзнаења и не беше површен. Второто прашање беше: „На што мислите кога возите 300 километри на час? или “Дали веруваш во живот после смртта?”

Тој имаше голема мисија на овој свет. Мислам дека неговата смрт почна да ја буди совеста кај луѓето. Тој беше многу ранлив – се присети таа за време на едно интервју.

Арнолд Шварценегер јавно ја нападнал, а таа еднаш кажала дека е обвинета за растурањето на ,,Bijelo Dugme”.

– Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, клавијатуристот на ,,Bijelo Dugme”. Беше заљубен во мене, но наеднаш се појави Горан Бреговиќ. А Горан кога сака нешто, го добива. И оттука започна конфликтот меѓу двајцата членови на бендот. А Горан ме украде од Владo? Па, тоа е – рече таа во една прилика.

Таа, исто така, се присети дека Ники Лауда се тепал поради неа, ѝ се додворувале Род Стјуарт и Кевин Костнер и разговарала со папата Павле Втори иако била пијана и во мини здолниште.

Дијана денес има 59 години и веќе подолго време живее во Лос Анџелес, а на Инстаграм е позната како Дијана Нивен.