Со законот за амнестија, кој чека да изгласување веќе три месеци, ќе бидат опфатени 700 осуденици и 2500 лица, условно казнети и оние кои се во судска постапка за полесни дела кои не предвидуваат казна затвор повисока од две години.
Ова го изјави Улси Мања, министер за правда, на денешната седница на парламентарната законодавна комисија, одржана преку платформата „зум“ на која на дневен ред беше Предлог-законот за амнестија, кој беше едногласно поддржан, со што се даде можност според да биде ставен на дневен ред на пленарната седница в четврток.
– Имаме точна статистика. Побаравме амнестија бидејќи во затворите имаме 2.200 осудени лица. Доколку се добие одобрение од Собранието, корист ќе имаат 700 осудени и 2500 лица со условна казна, како и оние за кои сеуште не е донесена судска одлука за дела за кои не се предвидува повисока казна од две години, рече Мања.
Предлог-законот за амнестија беше подготвен кон крајот на октомври минатата година, од работна група предводена од министерот Мања, по тримесечни консултации со домашни и експерти од ЕУ и со генералната управа на затворите и беше најавено да биде изгласан најдоцна во декември.
Поради недоразбирањата на парламентарците тој не беше ставен на разгледување, бидејќи владејачкото мнозинство ги нема потребните 84 гласа.
– Предвидено е да се опфатат затвореници на кои им остануваат уште три години затвор. Девојките и жените ќе бидат најбројни меѓу амнестираните. Од неа строго се исклучени лицата кои издржуваат казна за семејно насилство, организиран криминал, трговија со дрога или злоупотреба на службената положба и корупција, објасни Мања за медиумите.
Според него се очекува да се амнестираат и лица кои издржуваат казна за поседување на мали дози наркотици како канабис, осудени за градење без дозвола, вклучително и оние за лесни и нискоризични кривични дела.
Во Албанија последната амнестија беше онаа од 2020 година, кога беа опфатени 170 затвореници.