Албанката го остави познатиот фудбалер од Тетово затоа што бил лош во кревет, па горко се покаја!? Дали ја изневерил?

Поранешниот швајцарски фудбалер Блерим Џемаили и неговата поранешна сопруга, албанската манекенка Ерјона Сулејмани со години се на насловните страници со нивниот турбулентен развод. Некогаш најубавата жена во Албанија не можеше да ја затвори устата – иако ќе каже дека тоа го направила затоа што не ги сакала роднините на Блерим – па во едно италијанско реално шоу изјави дека поранешниот фудбалер на Торино, Парма , Наполи, Болоња и други клубови е лош во кревет. Како бумеранг и’ се врати неколку години подоцна, бидејќи откри дека често била жртва на измама и дека нејзините избраници спиеле со други жени!

,,Фудбалерите не се добри во кревет. Тие не се големи љубовници. Се*и пред натпревар? Сето тоа го прават сами”, изјави тогаш Ерјона, а тоа беше само една од нејзините контроверзни изјави. 

„Не знам зошто хомосексуалноста е сè уште проблем во денешно време. Мислам на фудбалот воопшто. Во фудбалот има многу хомосексуалци“, рече Сулејмани.

Блерим Џемаили не сакаше да толерира вакво јавно однесување на неговата сопруга, некогаш најубавата жена во Албанија. Тој поднел барање за развод и набрзо се развел од Ерјона, која го задржала старателството над нивниот син. Џемаили верувал дека не е добра мајка и дека не треба таа да го воспитува детето, а Сулејмани не се смири по раскинувањето – одеше од афера во афера и така се наоѓаше во неволја.

„Никогаш не сум изневерувала! И никогаш нема да го направам тоа затоа што сакам да имам чиста совест кога ќе се погледнам во огледало“, започна таа и продолжи: „Дали ме изневеруваа? Дознав дека имам рогови поголеми од елен! Јас лично никогаш не би простила мамење. Затоа сум слободна“. 

Не се знае на кого мислеше Албанката кога зборуваше за партнерите кои и’ ја изневериле довербата – дали бил Блерим Џемаили или некој друг маж.

Инаку, Блерим Џемаили 69 пати беше репрезентативец на Швајцарија и со репрезентацијата отиде на три светски првенства. Роден е во селото Боговиње, недалеку од Тетово, а неговите родители се преселиле во Швајцарија кога имал четири години. Таму почна да тренира фудбал, па немаше дилема за репрезентацијата, но одржуваше силни врски со Албанците на Балканот. Меѓу другото, на тој начин ја запознал Ерјона во која бил вљубен со години, пред таа да сфати дека повеќе не го сака!

Ерјона своевремено зборуваше и за разводот со долгогодишниот швајцарски репрезентативец Блерим Џемаили. 

,,Го запознав мојот сопруг кога станав Мис на Албанија. Кога ми кажа дека е фудбалер, си помислив: Не сакам врска со тебе“. Постојано менуваш земји, градови, работни места. Тој е таткото на моите деца и го почитувам.Сакам да го постигне тоа што го сака, но повеќе не го сакам“, изјави поранешната мис на Албанија.