Една навивачка им падна во очи на сите кои го следеа натпреварот меѓу Олимпијакос и Асвел во деветтото коло од Евролигата, а сега конечно знаеме нешто за неа! Убавицата која се појави во кадар заедно со своето момче кое го носеше црвено-белиот фудбалски дрес од Пиреја се вика Маригона и е Албанка!
Своите пет минути слава ги доживеа во Грција, гостуваше во неколку емисии, а водителка дури и беше атрактивната грчка новинарка Дора Пантели. Олимпијакос по голем пресврт го победи Асвел со 94:92, но се чини дека по мечот многу повеќе се зборуваше за убавицата која беше покрај теренот отколку за кошарката и самиот натпревар.
Маригона е популарна на тикток и инстаграм каде и пред овој меч имаше илјадници следбеници, но по мечот и гостувањето доби десетици илјади нови фанови. Инаку, таа неодамна објави слики од Косово и Метохија, а таму била со своето момче Ник и го посетиле стрелиштето каде пукале.
Маригона сака да патува, неодамна беше во Париз со своето момче, ја посетија Грција каде очигледно живеат, а веројатно сега откако се прослави по кошарката ќе се појавува почесто на натпреварите на црвено-белиот тим од Пиреја.