Албанската дијаспора во САД го пречекува албанскиот шеф на дипломатијата од Северна Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, за време на престојот во Соединетите Американски Држави, оствари средба и со претставници на албанската дијаспора во Њујорк и Њу Џерси.

Шефот на дипломатијата на МНР ги посети училниците во кои ученици Албанци следат настава по албански јазик.

Османи детално се осврна на завршените проекти на Министерството за надворешни работи во последните две и пол години, и како резултат на апелот и интересот на дијаспората. Тој меѓу другото ги издвои дигитализацијата на конзуларните служби (е-конзулат), воспоставувањето базни и мобилни станици преку кои за кратко време опремување со патната исправа, финансирањето на проекти за дијаспората и економските придобивки во случај на инвестирање во Северна Македонија.