Албанскиот премиер: Проширувањето на ЕУ е незамисливо без Србија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не ја разгледува идејата за проширување на Европската унија (ЕУ) без Србија и дека Албанија треба „да ја држи Србија многу блиску“ и да направи се за да постигне политичко единство со неа, пренесе Газета експрес.

Рама изјави за ток-шоуто на италијанската државна телевизија дека е невозможно да се замисли Европска унија која ги вклучува Албанија и другите балкански земји, но не и Србија.

Запрашан дали Албанија се плаши од можно проширување на Европската унија што ја вклучува Србија во време кога Србија се смета за блиска до Русија, Рама одговори дека не е и дека Албанија е глас на Западен Балкан кој вели дека Србија не смее да биде исклучена.

„Од друга страна, се разбира дека има разлики, бидејќи Србија не ја санкционираше Русија од јасни причини кои во одреден момент мора да се сфатат како политички и историски, но и од прагматична природа“, рече Рама.