Прелети на американската морнарица над Тајванскиот теснец како порака

 Патролен авион на американската морнарица прелета над Тајванскиот теснец, соопшти седмата флота на американската морнарица.

Седмата флота наведе дека поморскиот патролен и извидувачки авион P-8 A Poseidon прелетал над Тајванскиот теснец во меѓународниот воздушен простор.

– Со дејствување во рамките на Тајванскиот теснец во согласност со меѓународното право, САД ги поддржуваат правата на пловидба и слободата на сите нации, се вели во соопштението.

Седмата флота истакна дека прелетот на американските авиони ја покажува посветеноста на САД за слободен и отворен Индо-Пацифик.

Кина го оспорува суверенитетот на Тајван. Пекинг минатата година соопшти дека има суверенитет, суверени права и јурисдикција над Тајванскиот теснец, истакнувајќи дека се „лажни тврдењата“ дека Тајванскиот теснец припаѓа на меѓународни води.

САД и Тајван го оспорија тоа кинеското тврдење.