Не му ја пцуел мајка му! Матераци конечно откри што му кажа на Зидан, па доби удар во градите (ВИДЕО)

Пензионираниот италијански дефанзивец Марко Матераци (49) откри што му рекол на Зинедин Зидан (50) во финалето на Светското првенство во 2006 година, во кое Италија на пенали ја победи Франција.

Митската сцена, една од највпечатливите во историјата на Светските првенства, се случи во продолженијата на финалето во Берлин. Францускиот капитен ги загуби нервите и со глава го удри италијанскиот стопер кој падна на тревникот. Зидан потоа беше исклучен.

– Зидан ми понуди дрес. Му кажав дека повеќе би сакал да му ја земам сестра му – откри Матераци за италијанската фудбалска телевизија, што му рекол на славниот Французин во 110. минута, по што добил удар со глава во градите.

Да потсетиме, регуларниот дел од натпреварот заврши 1:1, а стрелци на головите на нивните репрезентации беа Зидан во седмата минута и Матераци во 19. минута.

Иако претходно се шпекулираше дека Матераци ја навредувал мајката на Зидан, и двајцата потврдија дека тој ја спомнал својата сестра.

– Ме испровоцира зборувајќи за сестра ми. Не сум горд на тој момент, но тоа е дел од мојата кариера. Бев слаб во тој момент. Не ја навреди мајка ми, но ја навреди мојата сестра – изјави Зидан во интервју за L’Equipe.