Новите сообраќајни знаци на автопатот Скопје-Тетово, поточно кај наплатната рампа Глумовo, ќе бидат на три јазици – македонски, англиски и француски, а албанскиот јазик е отстранет. Ако до вчера албанскиот јазик постоеше покрај три други јазици, сега тој „исчезна“. Од Јавното претпријатие за државни патишта не даваат никакво објаснување зошто не е наведен албанскиот, а таблите се сменети во саботата доцна попладне, кога почна да паѓа мрак.
Во оваа прилика реагираше ДУИ на Али Ахмети, која го осуди отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на автопатот Скопје-Тетово.
,,Се заменуваат табли на албански јазик со табли на македонски јазик и со тоа се отстранува албанскиот јазик од сообраќајните знаци. Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ја осудува замената на сообраќајните знаци на автопатот Скопје-Тетово, поточно кај наплатната рампа Глумово, од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. Таблите на албански јазик се заменуваат со табли на македонски, со што албанскиот јазик се отстранува од сообраќајните знаци. Оваа промена е сериозен удар за употребата на албанскиот јазик во Република Македонија и флагрантно кршење на Законот за употреба на јазиците“, се вели во реакцијата на ДУИ.
Овој опасен и низок обид за непочитување на Законот за употреба на јазиците и оваа тенденција за негирање на албанскиот јазик, продолжува реакцијата, е одлука во целосна спротивност со Уставот, Охридскиот договор, законите и вредностите на демократијата и еднаквоста, кои се основни за мирот и стабилноста во државата.
„Демократската унија за интеграција смета дека неспособноста на изборните губитници и слугите на ВМРО од редовите на ВЛЕН ги враќа Албанците во 1990-тите во однос на националните права и еднаквост. ДУИ ќе ги преземе сите неопходни чекори за да се спротивстави на оваа неправедна одлука и да ги заштити правата на Албанците во Република Северна Македонија.”