Премиерот на Косово, Албин Курти е во неформална посета на земјава, на средби со градоначалниците на Чаир и Тетово, Ганиу и Касами.
Курти во Чаир присуствуваше на преименувањето на улицата „втора македонска бригада“ во Адем Демачи, косовски интелектуалец кој повеќепати бил апсен во времето на Југославија поради големоалбански сепаратизам, а во Тетово со Касами ја промовираа идејата за поврзување на Тетово и Призрен со регионален пат, пишува Журнал.