Изминативе неколку недели сведоци сме се на тензиите меѓу двата наши соседи – Србија и Косово.
Во моментов истите се карактеризираат како локални, но имајќи ги предвид геополитичките случувања и интересите на големите сили, лесно може да преминат во регионални тензии. Досегашните тензии се решаваа по дипломатски пат со силен притисок на меѓународната заедница. Сегашното толкување од некои званичници е од аспект на интересите на нивните земји, што е и очекувано.
Претседателите на двете земји, Албин Курти (Косово) и Александар Вучиќ (Србија) на 18 март оваа година имаа заедничка средба во Охрид под закрилата на неколку европски претставници.
Поради сите овие случувања, Албин Курти на српски јазик им се обрати на Србите кои живеат во Косово. Тој објасни зошто Србите не учествуваа на изборите во четирите општини во Северно Косово. Косовскиот премиер го обвини српскиот председател дека на Јавлановиќ, кандидатот за Градоначалник, му платил еден милион евра и два стана во Белград за да ги бојкотира изборите.
Во продолжение може да ја погледнете целата изјава на Албин Курти: