Алвес во затвор дели автограми во замена за цигари !? Шпанските медиуми откриваат шокантни детали за славниот бразилски фудбалер!

Славниот Бразилец, Дани Алвеш минува низ најтешките моменти во животот откако беше уапсен под обвинение дека силувал девојка во клуб во Барселона.

Наводно, настанот се случил на крајот на 2022 година во тоалет на клуб, а Алвес е во притвор од 20 јануари и како затвореник го чека почетокот на судењето.

Во затвор се снаоѓа најдобро што знае. Шпанскиот портал „Ел Касо“ открива дека познатиот бразилски фудбалер се договорил со затвореник кој има пристап до сите делови на затворот и до затворениците за шверц на цигари и други потреби.

Тој собира дресови од други затвореници и ги носи кај Алвеш да ги потпише, а потоа им ги враќа на затворениците. Алвеш наводно добива цигари и други подароци за автограмите.

Да потсетиме, Алвеш неодамна дозна дека неговата сопруга Јоана Санз решила да се разведе од него и тоа тотално го погоди.