Алегри: Задоволен сум со играчите што ги има Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го искажа своето мислење за можната размена на Душан Влаховиќ со Ромелу Лукаку.

– Среќен сум со играчите што ги имаме, но понудите што не можат да се одбијат ќе бидат разгледани поради финансиската ситуација. Јас, како и секогаш, ќе се приспособам на изборот на клубот, го цитира Алегри новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

Лукаку минатата сезона играше како позајмен за Интер, постигнувајќи 14 гола и седум асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања. 

Влаховиќ има 42 настапи за Јувентус во сите натпреварувања, постигна 14 гола и четири асистенции.