“ТАЈНА МИСИЈА“ НА ШЕФОВИТЕ НА ЦИА И МОСАД – Во Доха се чини дека е постигнат договор за нова фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа

Директорите на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) од САД и Мосад од Израел во вторникот се сретнале со премиерот на Катар во Доха за да разговараат за следните чекори по дводневното продолжување на примирјето помеѓу Израел и палестинската група Хамас, открива извор запознаен со настаните за медиумската агенција Reuters.

Состанокот, како што се вели, требало да биде за напредокот на договорот за продолжената хуманитарна пауза и да иницира понатамошни дискусии за следната фаза од потенцијалниот договор, открил изворот за Reuters.

Вилијам Барнс

Изворот, сепак, истакнува дека исходот од разговорот бил нејасен.

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, беше во Доха на состаноци за конфликтот меѓу Израел и Хамас, вклучително и дискусии за заложниците“, изјавил висок американски функционер кој сакал да остане анонимен.

Инаку, Катар, кој е домаќин на неколку политички лидери на Хамас, ги води преговорите меѓу палестинската милитантна група и Израел.

На средбата, официјалните лица разговарале за можните параметри од новата фаза од договорот за прекин на огнот. Тие, како што се посочува, разгледале што е потребно за да се постигне прекин на огнот кој би траел повеќе од неколку дена.

Пред гореспоменатиот состанок, катарските власти разговараа со претставници на Хамас за да добијат увид во тоа на што групата може да се согласи. Израелците и Хамас сега внатрешно разговараат за идеите истражени на состанокот.

Прекинот на огнот го донесе првиот одмор на Појасот Газа во последните седум недели, за време на кој Израел силно ја бомбардираше територијата како одговор на насилното дивеење на вооружените лица на Хамас, на 7. октомври кога милитантите убија околу 1.200 луѓе и заробија 240 од нив.

Израел, од друга страна, има намера да го уништи Хамас, кој владее со Појасот Газа. Здравствените власти во Појасот Газа истакнуваат дека за време на израелското бомбардирање на малата, густо населена територија, загинале повеќе од 15.000 луѓе, од кои околу 40 отсто се деца.