“ТОЈ СЕ ПЛАШИ ДА КОРИСТИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ!“ – Володимир Зеленски со жестоки провокации кон Владимир Путин: “Повеќе личи на манекен отколку на претседател…“

Владимир Путин поради постојаната желба да му покаже нешто на светот, повеќе личи на манекен отколку на државен лидер“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за латиноамериканските медиуми.

Украинскиот претседател уште еднаш изрази сомнеж дека Русија не може да користи нуклеарно оружје поради како што вели – „љубовта на Владимир Путин кон себе и својот живот“.

Според Володимир Зеленски, Владимир Путин не е подготвен да го ризикува сопствениот живот.

Но, ова не е временска прогноза, па затоа е тешко да се каже“, објаснува Володимир Зеленски, додавајќи дека веројатноста Русија да го користи своето нуклеарно оружје е многу помала од веројатноста да не го користи.

Володимир Зеленски, исто така, ја објаснува одлуката на Кремљ да испрати нуклеарно оружје во Белорусија под изговор за заштита од НАТО со желбата на Владимир Путин да покаже нешто пред надворешниот свет.

Сето ова припаѓа на вакви политички чекори. Постојано покажува нешто. Повеќе личи на манекен отколку на претседател. Постојано нешто му демонстрира на целиот свет и мисли дека на сите им е забавно да живеат во некој вид на страв“, нагласува Володимир Зеленски.