Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри може да поднесе тужба против клубот за „неправедно ослободување“, објави авторитетниот италијански новинар Џанлука ди Марцио.
Стручњакот имаше тежок ден откако го предводеше тимот до триумф во Купот на Италија по успехот над Аталанта. За време на мечот на „Олимпико“, пак, Алегри најпрвин имаше сериозна расправија со судиите на мечот, а по крајот на мечот се пресмета и со дел од раководството на „бјанконерите“.
Последователно се покажа дека тренерот му се заканувал на главниот уредник на „Тутоспорт“ и морал да му се извини потоа. Токму скандалозните постапки на Алегри го наведоа раководството на Јуве да прибегне кон негов отказ.
Сепак, Италијанецот сега ќе преземе правна постапка против клубот за неправедно ослободување, а менаџерот тврди дека неговите имиџ права се прекршени.